Дома Топ вести Го добивме и коментарот од Меси за Ансу Фати

Го добивме и коментарот од Меси за Ансу Фати

Mладиот фудбалер на Барселона, Ансу Фати се најде во центарот на вниманието откако на 16 години дебитираше за каталонскиот клуб.

Фати доби шанса во првиот тим откако Ернесто Валверде имаше големи проблеми со повредените играчи. Младиот тинејџер на Барселона тоа го искористи на најдобар начин и веќе постигна два гола.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Тој дебитираше и во Лигата на шампионите откако докажа дека од него може многу да се очекува. Меѓутоа многумина сметаат дека Фати не треба да се форсира за кариерата да не му тргне во спротивен правец.

За него сега зборуваше и Лионел Меси бидејќи многумина сметаат дека Фати може да го наследи. Аргентинецот испрати јасен совет до својот помлад соиграч.

„Ансу Фати од самиот почеток го доби моето внимание. Кога го видов на првиот тренинг сфатив дека се работи за многу талентиран играч. Меѓутоа тој мора да оди чекор по чекор бидејќи има само 16 години. Има голем потенцијал, но сите мораме да му помогнеме. Не смееме да вршиме притисок врз него“, изјави Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Борусија Дортмунд ослабена во реваншот против Атлетико Мадрид

Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Себастијан Але ќе го пропушти реваншот од четвртфиналето …