Она што со денови се шпекулира денеска доби потврда.
Каи Хаверц, одличнио германски офанзивец, набрзо ќе стане нов играч на лондонски Челси.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Скај Германија денеска објави дека лондонскиот клуб постигнал конечен договор со Баер Леверкузен за трансфер на Хаверц и тој следната недела ќе допатува во Лондон за потпис на договорот.
Хаверц се уште не ги поминал лекарските прегледи. Се наоѓа со репрезентацијата на Германија, но после натпреварот против Швајцарија ќе допатува во Англија.
Трансферот е вреден 100 милиони евра, а постои голема можност Баер на позајмица до крајот на сезоната да го добие дефанзивецот Сар, кој неодамна потпиша договор со Сините.