Тоти одлучил!
Како што пренесуваат италијанските медиуми „Принцот на Рим“ одлучил да го напушти клубот во кој ја помина целата кариера
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Имено, Тоти донел одлука да ја напушти Рома, а во понеделник на конференцијата за новинари ќе ја образложи својата одлука.
Тој наводно во мај размислувал да се повлече, а сега донел конечна одлука.
Не се појавил на состанокот на управата кој првиот човек на клубот Палота го организирал во Лондон минатата недела што било јасен знак.
Тоти наводно не е задоволен од одредени избори кои клубот ги направил и не му се допаднало што клубот се разделил со Масаро, како ни што го ангажирал Петраки.
Извршниот директор Фиенага се обидел да го убеди да остане, но тој веќе одлучил.
Тоти во Рома е од 1989 година кога како 13 годишник пристигна во академијата.
Три години подоцна се приклучи на првиот тим, дебито го запиша на 28-ми март 1993 година кога Вујадин Бошков му даде шанса на само 16 години.
Од играчката кариера се повлече во 2017 година после 786 натпревари и 307 голови. Со Рома освои Серија А, два Купа на Италија и два Суперкупа на Италија.
Ниту еднаш во кариератан е го промени клубот, а по завршувањето на кариерата стана функционер во клубот, но сега после 30 години ќе го напушти.