Календарската година се приближува кон крајот, па наскоро ќе дознаеме кој ќе биде избран за најдобар фудбалер во 2018 година, односно кој ќе ја добие „Златната топка“.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Во фудбалот постојат неколку индивидуални награди, но „Златната топка“ дефинитивно е најпрестижна и најценета кај љубителите на фудбалот.
На 3-ти декември во Париз ќе биде прогласен побдникот, а како што е веќе познати најголем фаворит е Лука Модриќ, кој беше избран за играч на годината според ФИФА.
Шпанските медиуми кои се повикуваат на добро информирани извори тврдат дека е веќе познат распоредот на финалистите. Ако им се верува, „Златната топка“ ќе ја добие Лука Модриќ, на второ место ќе биде Кристиано Роналдо, а на трето место Антоан Гризман.
Во прилог на ова оди и информацијата дека Роналдо воопшто нема да се појави на доделувањето на наградата и дека ќе ја бојкотира церемнијата.