Дома Топ вести Готово: Мурињо донесе големо засилување за 45 милиони!

Готово: Мурињо донесе големо засилување за 45 милиони!

Италијанските медиуми лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека ѕвездата на Интер, Иван Перишиќ веќе го договорил својот трансфер во Манчестер Јунајтед.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Од поодамна беше познато дека „нероаѕурите“ ова лето ќе го продадат Перишиќ, а како фаворит за неговиот потпис важеше ПСЖ кој понуди 55 милиони евра.

Сепак, Хрватот ја одби понудата на „светците“ и се договори со Манчестер Јунајтед. Според информациите Перишиќ ќе потпише 4-годишен договор со клубот од „Олд Трафорд“ и годишно ќе заработува 7 милиони евра по сезона.

Сепак, преостанува уште двата клуба да се договорат за цената, но, и тоа не би требало да претставува проблем. Интер бара 50 милиони, додека Манчестер нуди 45 милиони евра за него.

Медиумите тврдат дека во следните денови Перишиќ ќе биде претставен како ново засилување на „црвените ѓаволи“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…