Дома Фудбал Готово: Манчестер Јунајтед има нов менаџер

Готово: Манчестер Јунајтед има нов менаџер

Еминентниот новинар Фабрицио Романо објави дека Ерик тен Хаг е нов менаџер на Манчестер Јунајтед.

Новинарот потврди дека Јунајтед и Ајакс наскоро ќе го официјализираат договорот, англискиот клуб ќе ја плати клаузулата од 2 милиони евра и Холанѓанецот ќе се пресели на „Олд Трафорд“.

Официјализацијата на Тен Хаг на „Олд Трафорд“ ќе биде по завршување на сезоната, а негов помошник ќе биде Мичел ван дер Гаг, со кого работи заедно во Ајакс.

Холандскиот стратег уште минатата недела постигна договор со „црвените ѓаволи“ и ќе потпише 4-годишен договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Почетино ќе бара засилувања од Челси? Три имиња во фокусот на Јунајтед

Поранешниот главен скаут на Јунајтед, Мик Браун, смета дека Почетино би можел во јануари д…