Српскиот репрезентативец Лука Јовиќ е едно од најголемите откритија оваа сезона во Европа и за него силен интерес покажуваат голем број на европски гиганти.
Долго време Барселона важеше за фаворит за неговиот потпис, но Каталонците наводно се отлажале од голгетерот на Ајнтрахт Франкфурт.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Шпанските медиуми, поточно „Диарио Гол“ денес ексклузивно пренесува дека Јовиќ веќе постигнал договор со Реал Мадрид и дека наскоро ќе потпише договор на шест години. Србинот на „Сантиаго Бернабеу“ ќе заработува 4 милиони евра по сезона.
Зидан побарал од претседателот Перез брзо да реагира и да го донесе Јовиќ на „Сантиаго Бернабеу“, а „кралскиот“ клуб наводно веќе ги договорил сите детали од трансферот со Ајнтрахт Франкфурт.
Германскиот клуб ќе го откупи договорот од Бефика и веќе ја прифатил понудата на Реал Мадрид. Целокупниот трансфер ќе изнесува 60 милиони евра, од кои 50 милиони евра во кеш, плус 10 милиони во име на бонуси.
Оваа информација денес беше потврдена и од германски „Билд“, па наскоро се очекува и официјална потврда.
Зидан сакаше да донесе во тимот млад напаѓач кој ќе може да биде алтернатива за Бензема и во иднина прв напаѓач на „кралевите“. Доаѓањето на Јовиќ ќе значи и заминување на Маријано Дијаз.
Лука Јовиќ игра фантастична сезона и до сега на 37 настапи за Ајнтрахт постигна 23 гола и запиша 7 асистенции во сите натпреварувања.