Дома Топ вести Готово: Интер договори засилување од Барса

Готово: Интер договори засилување од Барса

Италијанските медиуми потврдија дека раководството на Интер постигна договор со Барселона, па фудбалерот на Каталонците ќе му биде на располагање на Спалети за следниот натпревар.

Станува збор за Рафиња Алкантара кој ќе се пресели на „Џузепе Меаца“ како позајмен фудбалер до крајот на сезоната.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Рафиња долго време беше повреден, па сега му се потребни повеќе минути на теренот и поради тоа сака да ја промени средината, а неговиот татко и агент се договори со Интер.

Каталонскиот клуб нема да му стои на патот и се согласи да го пушти на позајмица до крајот на сезоната, а Интер ќе има опција да го откупи неговиот договор на лето.

„Нероаѕурите“ се заинтересирани за уште еден фудбалер од Барселона, Делуфеу, но тој е многу поблиску до трансфер во Севиља бидејќи сака да соработува со Монтела.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја купува ѕвездата на Аталанта

Ливерпул е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Аталанта и холандски репрезентативец, Туе…