После Диего Годин, милански Интер го договори и второто летно засилување, а станува збор за ѕвездата на Удинезе, Родриго де Паул.
Аргентинецот игра во фантастична од почетокот на сезоната, еден е од најдобро оценетите фудбалери на Апенините и голема желба е на многу екипи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Медиумите тврдат дека Интер бил најбрз и веќе постигнал комплетен договор со играчот и со Удинезе за трансфер по завршување на сезоната.
„Нероаѕурите“ за офанзивниот играч ќе платат 25 милиони евра плус боднуси, а Де Паул ќе потпише 4-годишен договор „тежок“ 2,5 милиони евра по сезона.
Де Паул треба да пристигна на „Џузепе Меаца“ како замена за Паришиќ, кој веќе најави дека сака да ја промени средината.