Контроверзниот менаџер Мино Раиола, конечно успеа да ја оствари целта и го договори трансферот на голманот на Милан, Џанлуиџи Донарума.
Раиола и 19-годишниот чувар на мрежата не се омилени ликови меѓу навивачите, но и раководството на „Росонерите“.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Долго се зборуваше за неговото заминување од „Сан Сиро“, а тоа на крајот од ова лето ќе се случи.
Донарума би требало да стане нов член на француски ПСЖ. Како што наведува Франс Фудбал, Раиола договори се со ПСЖ кој за услугите на младиот голман ќе исплати на Милан околу 60 милиони евра.
Него на голот на Милан ќе го замени Пепе Реина со кој веќе е постигнат договор и кој ќе се придружи на Милан како слободен играч од Наполи.