Дома Фудбал Англија ГОТОВО Е: Коста е БОМБАТА и на Островот и на Пиринеите

ГОТОВО Е: Коста е БОМБАТА и на Островот и на Пиринеите

Диего Коста во јануари ги разочара и стручниот штаб и управата на Челси, кога побара од клубот да го пушти да се пресели во Кина.

Го посакуваше кинески тим за огромна сума, но Челзи не му дозволи да замине, бидејќи тимот се бореше за титулата во Англија, а Коста беше нивниот најдобар стрелец.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тоа доведе до потполен прекин на односот помеѓу Конте и шпанскиот интернационалец, па Италијанецот преку смс порака му соопшти на Коста дека од следната сезона нема да смета на него.

Напаѓачот веќе и не тренира со Челси, на одмор е од завршувањето на следната сезона, а кариерата сака да ја продлжи во само еден клуб, посакуваниот Атлетико Мадрид.

Сепак, „Јорганџиите“ имаат зарана за трансфер, па Коста ќе мора да почека за да премине во редовите на тимот на Диего Симеоне.

Сега е пронајдено решение, Атлетико се договори со „Плавите“, ќе го откупи договорот на Коста за 45 милиони евра, плус 20 милиони за бонуси. Но, тука не е крајот. Имено, Коста пред се ќе се пресели во редовите на Евертон на позајмица до јануари, за да ја одржува формата пред враќањето во Мадрид.

Така што, се чини дека сите се задоволни со направениот договор, Челзи добро ќе заработи, Евертон до полусезоната ќе имаат напаѓач од светска класа во своите редови, а Атлетико конечно ќе го врати својот миленик.

Се очекува, Коста со „Јорганџиите“ да потпише договор на две и пол години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…