Дома Топ вести Готово: Ел Шарави се сели во Кина!

Готово: Ел Шарави се сели во Кина!

Ѕвездата на Рома и повремен италијански репрезентативец, Стефан Ел Шарави кариерата ќе ја продолжи во Кина, во дресот на Шангај Шенхуа.

Ел Шарави ќе заработи неверојатни 40.000.000 евра за три години. Тоа значи дека италијанскиот репрезентативец ќе добива по 13.000.000 евра на годишно ниво.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


26-годишниот напаѓач не можеше да ја одбие оваа понуда па реши да се пресели во Кина, а синоќа Рома и Шангај конечно постигнаа договор околу обештетувањето.

„Волчицата“ за Ел Шарави ќе добие 18 милиони евра, од кои 16 милиони веднаш и 2 милиони како бонуси.

Рома го донесе Ел Шарави во јануари 2016 од Милан за 14.400.000 евра. Минатата сезона во Серија А одигра 28 натпревари и постигна 11 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Генијалноста на Анчелоти која го одведе Реал до полуфиналето во ЛШ без два стартни стопери и двата први голмани

Карло Анчелоти, го предводеше својот клуб до полуфиналето на Лигата на шампионите и дуел п…