Aктуелниот европски шампион го обебзеди Ловро Јотиќ и тој веројатно ќе биде последното засилување за црвено-црните за новата сезона.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Вардар ја започна ерата без Самсоненко, постоеше можност да го доведе Зарабец од Кил, но на крајот Јотиќ ќе биде тој кој ќе ја попоплни позицијата на среден бек.
Јотиќ во минатата сезона го носеше дресот на Еурофарм Пелистер, а во новата требаше да игра за Бенфика. Трансферот во Португалија на Јотиќ беше договорен меѓутоа работата пропадна кога Бенфика го намали буџетот за новата сезона поради кризата која ја предизвика пандемијата со коронавирусот.