Анте Гаџа ќе биде најновото засилување на Вардар за новата сезона.
Вардар полека го склопува тимот за наредната сезона, а денес го реши проблемот со централната бековска позиција каде што остана простор по заминување на Сташ Скубе.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Наследникот на Словенецот ќе биде ракометарот на ППД Загреб, Анте Гаџа кој со Вардар потпишал договор на една година со можност истиот да биде продолжен за уште една.
Гаџа играше одлично во Загреб и за хрватскиот шампион сезонава постигна 40 гола, додека во СЕХА лигата беше и помеѓу најдобрите асистенци, на 12 натпревари запиша 29 асистенции.
Ќе потсетиме од претходно во Вардар пристигнаа Гоце Георгиевски, Филип Талекси, Томислав Јагуриновски, Димитри Санталов и францускиот голман Кантегрел. Покрај новите ракометари во клубот сигурно ќе останат Стоилов, Дисингер, Чупиќ, Дибиров, Борко, Калараш и Мишевски. Сега горе-долу скоро и да е познат составот со кој Вардар ќе игра во новата сезона во која ќе влезе и со ново раководство.