Младиот талент на Барселона, Ансу Фати од денес може да настапува за шпанската репрезентација, соопштија тамошните медиуми.
Имено, денес во Шпанската фудбалска федерација пристигнала официјална потврда од ФИФА дека играчот може да настапува за „црвената фурија“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Како што е познато 16-годишниот уграч на Барса доби шпанско државјанство на 20-ти септември, но до сега не можеше да биде повикан во репрезентацијата поради административни пречки.
Поради тоа, родениот во Гвинеа Бисау фудбалер не беше во списокот на Шпанија за Светското првенство за играчи до 17 години.
Денес ФИФА даде конечна дозвола Фати да игра за Шпанија, па се претпоставува дека ќе добие повик за Шпанија У21 за натпреварите во ноември.
?[@Alfremartinezz ?] | Official, FIFA have informed RFEF that Ansu Fati from today can play for the Spanish NT. pic.twitter.com/h3aWNy1kji
— BarçaTimes (@BarcaTimes) October 10, 2019