Дома Македонски спорт ГОТОВО: Адеми оди во Кина, познат клубот и сите детали од трансферот!

ГОТОВО: Адеми оди во Кина, познат клубот и сите детали од трансферот!

Крај на сагата со иднината на Аријан Адеми, македонскиот репрезентативец се сели во Кина и од 20-ти март ќе биде играч на Пекинг Гуан.

Познати се и деталите од трансферот. Динамо Загреб од заминувањето на Адеми ќе заработи еден милиони евра, додека Адеми ќе потпише договор на три години со плата од 1.65 милиони евра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Последниот натпревар за Динамо, Адеми ќе го одигра на 19-ти март и тоа против Ријека.

Адеми го напушта Динамо како најтрофеен играч во историјата на клубот. Maкедонскиот репрезентативец со „модрите“ освои: 11 титули во првенството, шест титули во Купот и три трофеи во Суперкупот на Хрватска.

Зад себе има 358 натпревари на кои постигна 41 гол и додаде 30 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

„Бомба“: Баерн Минхен го сака Ван Дајк

Фудбалерот на Ливерпул Вирџил ван Дајк размислува да го напушти клубот.  Ван Дајк нал…