Тимот на Гостивар засега е најакетивен од второлигашите во преодениот рок, очигледно раководството сака да има тим со кој ќе стигне до ПМФЛ во наредната сезона.
Последно во низата квалитетни засилувања е Ѓорѓи Танушев кој минатата сезона го носеше сресот на Силекс.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Танушев имаше солидна сезона за Силекс во која постигна 12 гола и беше еден од предводниците на тимот во експресното враќање во најсилната конкуренција. Како засилување во нападот вчера Гостивар го потврди и Филип Петковски од Вардар, па во новата сезона формираат одличен тандем.