Aргентинскиот фудбалер Серхио Агуеро утре и официјално ќе објави крај на кариерата.
Агуеро кон крајот на октомври во натпреварот против Алавес имаше проблеми со дишењето и побара да б иде заменет затоа што не можеше да го продолжи натпреварот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Веднаш Агуеро беше пренесен во болница каде што му беа направени детални прегледи, а на крајот беше утврдено дека Аргентинецот има срцеви проблеми.
Првобитно беше објавено дека надвор од терените ќе биде три месеци и дека докторите ја следат работата на неговото срце, но сега е јасно дека Агуеро го „одигра“ своето во професионалниот фудбал. Барселона денес потврди дека прес-конференцијатаќ е се одржи утре во 12:00 часот.
Каталонскиот „Спорт“ објави денес дека на утрешната прес-конференција ќе присуствува и Пеп Гвардиола кој утре ќе допатува во Барселона за да присуствува на прес-конференцијата.