Дома Македонски спорт Мак фудбал Горзад Михајлов го напушти Силекс!

Горзад Михајлов го напушти Силекс!

Во вториот дел од сезоната по зимската пауза со нов тренер ќе влезе и кратовски силекс.

Горзад Михајлов кој во изминатите години стана еден од најуспешните во историјата на Силекс спогодбено го раскина договорот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Секогаш има крај на една епизода, епизода која траеше две ипол години. Можам да бидам презадоволен од постигнстите резултати, но тие не би се постигнале ако не ја имав подршката од моите соработници (спортскиот директор Ристиќ, Иванов, Глигоровски, Христовски, Динев, Мицков).

Успеавме да го вратиме Силекс на старите патеки во мак-фудбалот и константно да го подобруваме нашиот рејтинг со игрите и резултатите. Затоа на сите од клубот им благодарам од се срце за неизмерната подршка, шансата која ми ја доверија и ја оправдав со својата посветеност и резултати. Верувам дека во иднина ќе постигнувате позитивни резултати а јас ќе ве следам и навивам за вас. Ти благодарам Кратово, ти благодарам Силекс“,  изјави Михајлов.

Претходно заминување на тренерите видовме во Брера, Шкендија и Вардар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед не се откажува од Де Јонг

Барселона минатото лето се обидуваше да го продаде Френки Де Јонг поради финансиски пробле…