Македонскиот олимписки комитет го честиташе историскиот успех на фудбалската репрезентација на Македонија и пласманот на Европското првенство.
Даниел Димевски кој неодамна беше избран за претседател испрати честитки до фудбалерите, а беше објавено и дека Горан Пандев ќе биде прогласен за великан на МОК.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Фудбалска репрезентација на Македонија на Европско првенство! Горан Пандев – Олимписки великан на МОК. Претседателот на МОК, м-р Даниел Димевски, испрати искрени честиткки до претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини за историскиот успех и изборениот пласман на Европското првенство во фудбал 2021! Во исто време, заради извонредните врвни спортски резултати и 20 годишна меѓународна афирмација на македонскиот спорт, Горан Пандев ќе биде прогласен за Олимписки великан на МОК!“ објави МОК