Натпреварот против Барнли потврди дека Хари Кејн влегува во својата препознатлива форма. Не само што постигна хет-трик, туку дојде до шанса да собори еден неверојатен рекорд.
Со вчерашните три гола Кејн дојде до бројката од 36 гола во Премиер лигата во оваа календарска година, колку што имаше Алан Ширер во 1995 година, што е рекорд во најсилната англиска лига.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Кејн призна дека размислувал за тоа и дека сака да го престигне рекордот на мечот со Саутемптон.
„Да, разговарав со неколку луѓе за тоа. Размисливав дека ако постигнам повеќе од еден гол против Барнли дека имам шанси против Саутемптон да го срушам рекордот. Но кога постигнав три, сакав да стигнам и да четврт гол“, признава Кејн.
Тотенхем на „Боксинг Деј“ ќе игра дома против Саутемптон, па тоа ќе биде шанса за Кејн да го сруши рекордот на Ширер за кој се веруваше дека тешко може да биде соборен.