Дома Фудбал Голот на Украина е втор најдоцна постигнат во историјата на Европските првенства

Голот на Украина е втор најдоцна постигнат во историјата на Европските првенства

Украина вчера со гол во последните секунди од натпреварот против Шведска се избори за четвртфинале.

Резултатот во продолженијата беше 1:1 кога Зинчеко му асистираше на Довбик кој со глава постигна гол за победа од 2:1. Во тој момент на семафорот стоееш 120:37.

Тој гол сепак не е постигнат најдоцна во нокаут фазите на ЕП. Рекордот го држи Семих Сентрук во четвртфиналето на Еуро 2008 кога против Хрватска погоди во 121:01.

Сентрук тогаш погоди за изедначување на 1:1 и го одведе натпреварот на пенали каде што Турција ја победи Хрватска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Модриќ со необичен подарок за Кејн: Топка што ја раскажува фудбалската историја

Пред дуелот на „Вембли“, Лука Модриќ му ја честиташе „Златната топка“ на Хари Кејн со репл…