Дома Фудбал Франција Голманот на Тројес бараше од Нејмар да го направи славен

Голманот на Тројес бараше од Нејмар да го направи славен

ПСЖ и Тројес ремизираа 2:2 во натпреварот од 36. коло во француската Лига 1.

Во еден натпревар без резултатско значење за двата тима беа видени четири голови, а еден од нив го постигна Нејмар од пенал и тоа во 25. минута. На овој пенал му претходеше интересен разговор помеѓу Нејмар и голманот на Тројес Џеси Моулин.

Долго разговараа пред изведувањето на пеналот, а Моулин после натпреварот откри што побарал од Нејмар.

„Му кажав: Знаеш ли дека ќе станам ѕвезда ако ти го одбранам пеналот? Барем кажи ми на која страна ќе шутираш. Семејството ме гледа и би сакал да ги направам горди. Се насмеа и ми кажа сам да ја одредам страната. Останав на средина“, изјави Моулин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Македонија остана без Чурлинов!

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов нема да биде во можност да настапи за македонс…