Дома Фудбал Италија Голманот на Милан кој ќе брани против Јувентус има 41 година и последен пат настапил пред две ипол години

Голманот на Милан кој ќе брани против Јувентус има 41 година и последен пат настапил пред две ипол години

Во Италија со голема возбуда се очекува неделното дерби помеѓу Милан и Јувентус, а пред овој натпревар тимот на Милан се соочува со сериозни проблеми на голманската позиција.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Првиот голман на Милан, Мајк Мањан како што е познато доби црвен картон на претходниот натпревар од Серија А против Џенова, па поради тоа нема да може да го чува голот на својот тим.

Но, проблемите за Пиоли станаа поголеми кога голманот Марко Спортиело го повреди листот на ногата и го чека пауза од десетина дена.

Поради ваквата ситуација најверојатно на голот на Милан против Јувентус ќе застане, Антонио Миранте кој има 41 година. Последен пат Миранте бранеше во април 2021 година како голман на Рома.

Интересно што исто така и Јувентус против кого ќе треба да брани по две години седење на клупа е негов поранешен клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Модриќ: Имаме добра екипа, не можев ниту да сонувам дека ќе бидам на пет Светски првенства

Селекторот на хрватската репрезентација Златко Далиќ и капитенот Лука Модриќ го најавија д…