Голманот на Вардар Филип Гачевски преку социјалните мрежи потврди дека клубот го исплатил сите долгови и испрати силна порака до „сите душмани“.
Денеска беше последен рок да се исплатат долговите кои ги имаше клубот, а откако газдата Сергеј Самсоненко ги исполни обврските, Гачевски испрати силна порака преку социјалните мрежи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Псссстттт!!!!! Вардар ќе згаснел???? Нека ни броеја на саатот тик-так, тик-так…Проблеми, непроблеми, ама нашиот газда пак докажа дека е најголем!!! Е сега ние ви броиме тик-так тик-так кога ќе пукнете од нервоза!!! Поздрав за душманите од цел тим!!! Вардар е светиња, Вардар е гордост!!!“, напиша Гачевски.