Атлетико Мадрид вечерва во Дортмунд и гостува на Борусија во рамките на 3. коло од Лигата на Шампионите.
Пред патот во Германија резервниот голман на овој тим, Антонио Адан имаше мала несреќа, која долго ќе ја памети.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Адан опуштедно од хотелот си замина кон автобусот кога се лизна и падна пред изненадената публика. Меѓутоа, голманот на Атлетико не се грижеше премногу. Веднаш стана и како ништо да не се случи се фотографираше со навивачот кој беше во близина.
Падот сигурно беше болен, но за среќа повреда не се случи. Вечерашниот натпревар во Дортмунд ќе донесе многу внимание.