Арсенал во последниот викенд забележа изненадувачки пораз од Саутемптон и така беше прекината низата од 22 натпревари на тимот на Емери без пораз.
Виновник за третиот гол на Саутемптон беше Бернд Лено кој со последната изјава во медиумите дополнително ќе ги налути фановите на неговиот тим.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Лено ситуацијата во која неговиот тим прими погодок ја прокоментира на крајно несериозен начин.
„При нивниот трет гол немавме среќа. Остин не беше покриен и сакав да го пресечам нафрлувањето кое одеше кон него, ја допрев топката, но немав среќа. Сепак, без ризик нема забава“.
„Следниот пат кога ќе бидам во ваква ситуација можеби и ќе ја фатам топката или пак ќе останам на гол-линијата. Нашиот живот (на голманите) е таков, јас повторно би го направил истотото. Ни ја прекинаа серијата од 22 натпревари без пораз, но сега ќе играме без притисок бидејќи никој нема да зборува за неа“, изјави Лено.
https://www.youtube.com/watch?v=y5aZKauzzkY