Дома Фудбал Англија Голманот на Арсенал му се извинува на Емери: Жал ми е што те изневеривме, ние сме виновни

Голманот на Арсенал му се извинува на Емери: Жал ми е што те изневеривме, ние сме виновни

Eмилијано Мартинез е голман на Арсенал кој до сега бранеше во главно во натпреварите од Лига Европа и Лига купот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Арсенал во седум натпревари прими дури десет гола, додека три пати ја сочува својата мрежа. Маетинез оваа сезона е резерва на Бернд Лено. Сега овој чувар на мрежата преку социјалните мрежи испрати извинување до Емери и неговиот сорабник Хави Гарсија.

„Ти благодарам Унаи Емери и Хави Гарсија. Жал ми е што те изневеривме, наша вина е што не игравме како што треба. Сигурен сум дека повторно ќе се сретнеме“, порача Мартинез.

Емери на „Емирати“ пристигна како наследник на Арсен Венгер кој го водеше клубот од 1992 година, а последниот пораз од Ајнтрахт и неубедливите игри претходно ги плати со отказ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ибрахимовиќ откри кој му бил најдосаден натпревар досега на Мундијалот: Заспав во второто полувреме (Видео)

Легендарниот шведски напаѓач од босанско потекло, Златан Ибрахимовиќ, на својствен начин г…