Дома Фудбал Англија Голманот на Арсенал: Верувам дека ќе завршиме во Топ 4

Голманот на Арсенал: Верувам дека ќе завршиме во Топ 4

Арсенал е еден од клубовите во англиската Премиер лига кои се најдоа во големи проблеми.

После 18 одиграни кола, лондонскиот клуб има само 23 бода, се наоѓа на 11-то место и забележа само една победа на последните десет натпревари.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фредрик Љунберг неодамна беше поставен како привремено решение на клупата на Арсенал, откако беше отпуштен Унаи Емери, но тој не направи никакви промени, па така овој клуб сега го презеде Микел Артета.

Топџиите со новиот тренер ќе се обидат да завршат во најдобрите четири екипи во вториот дел од првенството, а голманот на овој тим Бернд Лено е убеден дека тоа ќе се случи.

„Нормално дека верувам, затоа што остануваат уште многу натпревари“ – изјави германскиот голман.

„Ќе играме против сите шест најдобри екипи. Имаме можност да ги победиме натпреварите против нив. Уште веруваме. Се е во наши раце“.

„Мора да покажеме менталитет, мора да играме добар фудбал и мислам дека тогаш ќе имаме можност“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Се појави изненадувачки фаворит за клупата на Баерн Минхен

Aктуелниот селектор на репрезентацијата на Австрија, Ралф Рагник изненадувачки е новиот фа…