Кристијано Роналдо во натпреварот помеѓу Португалија и Ирска (3:0) со еден прекрасен гол стана првиот фудбалер кој за својата репрезентација постигнувал погодок во 21 различна година.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Првиот гол за Португалија Роналдо го постигна Европското првенство во 2004 година против Грција. Сега го чека своето шесто Европско првенство. Треба да се напомене и дека тој ќе биде првиот играч кој настапил на шест европски првенства.
Но, покрај рекордите и бројките Роналдо воодушеви и со еден гест пред почетокот на теренот. Португалецот како капитен ја предводеше репрезентацијата при излегувањето на теренот, а во таа ситуација држеше за рака и тешко болно девојче кое беше во инвалидска количка.
За овој гест Роналдо доби овации од целиот стадион и ги собра симпатиите ширум светот.