Противникот на Македонија во групната фаза на ЕП, Австрија го загуби еден од најважните ракометари, Александар Херман.
Херман заработи повреда, а деталните лекарски прегледи покажале дека искусниот лев бек има фрактура и ќе го пропушти остатокот од турнирот. Тоа може да биде голем проблем за најголемиот конкурента на Македонија за првото место во групата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Селекторот на Австрија, Алеш Пајовиќ откри дека повредата на Херман е сериозна и дека нема да може да смета на неговите услуги на ЕП.
Австрија против Македонија ќе игра на 14 јануари, а претходно ќе игра уште со Чешка и Украина во групата Б.