Дербито помеѓу Атлетико и Севиља не понуди многу во првите 70 минути од мечот, но потоа настана вистинска драма.
Домашниот тим успеа да поведе во 73. минута кога мрежата на гостите ја затресе Диего Коста.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Но, само седум минути подоцна, Севиља изедначи со автоголот на Моје, а во самиот финиш екипата на Монтела стигна до пресврт преку Коре.
Фантастичен меч на Местаља, вечерва одиграа и Валенсија и Депортиво Алавеш, а домашниот тим преку пресврт стигна до триумф ос 2:1. Гостите поведоа преку Собрин во 66. минута, но домашните за само девет минути направија пресврт.
Прво во 73. минута, на 1:1 изедначи Гуедеш, додека пресврт донесе Родриго девет минути подоцна што беше и конечниот резултат на мечот.