Легендарниот Пеле се огласи на социјалните мрежи откако Аргентина ја освои светската титула.
Аргентинците предводени од Меси кој одигра фантастичен турнир ја освоија својата трета светска титула. Честитки до Меси и Аргентина пристигнуваа од сите страни, а се огласи и Пеле.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Честитки до Аргентина. Диего сигурно се смее. Денес фудбалот продолжи да ја раскажува својата приказна како и секогаш на возбудлив начин.
Меси го освои своето прво Светско првенство, а со својата кариера тоа го заслужи“, напиша Пеле кој не заборави и да му честита на Мбапе.
„Мојот драг пријател Килијан Мбапе постигна четири гола во финалето (вклучувајќи и еден во пенал рулетот). Подарок беше да се биде сведок на таков спектакл“, објави Пеле.