Дома Фудбал Голем гест на српските фудбалери: Ќе ја донираат премијата добиена од Вучиќ!

Голем гест на српските фудбалери: Ќе ја донираат премијата добиена од Вучиќ!

Фудбалерите на Србија вчера направија голем успех со победата против Португалија во Лисабон и обезбедениот директен пласман на Мундијалот во Катар.

Пред натпреварот со Португалците претседателот Александар Вучиќ им вети премија од милион евра ако се пласираат во Катар и истата секако ќе ја добијат.

Меѓутоа српските медиуми објавија дека селекторот Пикси и соиграчите одлучиле парите да ги донираат на посебна сметка каде што ќе се искористат за лекување на болни деца. Навистина одличен гест кој заслужува исто толку големи пофалби како и нивниот пласман во Катар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ботхајм со два гола, Викинг со пресврт до убедливи 4-1 против Сабах

Сабах прв поведе, но Викинг одговори со четири гола и ја запиша првата победа во лигашката…