Дома Македонски спорт Мак ракомет Големци, гледајте МРТ и видете што може да изгуби Македонија без Вардар – нека продолжи таа бајка!!

Големци, гледајте МРТ и видете што може да изгуби Македонија без Вардар – нека продолжи таа бајка!!

Благодарение на МРТ овие денови и новиот канал МРТ 3 кој е наменет за спорт овие денови бидејќи во светот е стопирано ќе можеме да се потсетиме на големите успеси на Вардар.

Вчера на програмата беше полуфиналето против Барселона од 2017 година кое Вардар го доби со голот на Циндриќ во последните секунди. Денес од 16:00 часот ќе го гледаме финалето против ПСЖ кое беше решено исто така со гол во последните моменти, овој пат Чупиќ беше херојот…


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Додека вчера го гледав натпреварот против Барселона во мене се разбудија измешани чувства. Се сеќавав какви моменти беа тие тогаш, ежење…Но, само неколку моменти подоцна се разбудив од тој краток сон и се вратив во реалност, реалноста која е тешка за Вардар.

Зарем се да биде само убави сеќавања? ЗОШТО!? Вакви моменти клубот кој во три години два пати беше шампион на Европа не заслужува. Да, се има почеток и крај и не можеме да очекуваме Вардар секоја година да биде шампион тоа е невозможно, но ако работите не се променат, барем од она што ние јавно го знаеме и што гледаме не се добри. Веселин Вујовиќ пред два дена во интервју за „Балкан Хендбол“ дури отиде толку далеку и кажа дека Вардар може да го снајде судбината на Кометал на такво нешто не сакаме ниту да помислиме…Ситуацијата ја опиша со зборовите: „Самсоненко им го покажа врвот, а сега ги пушти низ вода“.

Ајде овие натпревари кои ги реемитува МРТ нека бидат повик за „големиците“ за оние кои можат да помогнат да го направат тоа! Зарем не гледате каква радост носи Вардар на целата земја? Овој тим го заслужува тоа – помогнете! Нека не останат само убави спомени, нека има и убава иднина!

Ние веруваме, веруваат и играчите кои се „староседелци“!

„Дојде време за некоја трансформација на Вардар. Сите што останавме до крај веруваме дека може да се случи тимот да биде квалитетен како порано. Се е можно, па и Вардар пак да биде силен, иако сме свесни дека е тешко“, гласеше изјавата на Тимур Дибиров пред неколку дена.

Пишува: Стефан Даскалов

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Македонија со пораз од Естонија го почна настапот во Европската златна лига

Македонските одбојкари со 3-1 во сетови беа поразени од Естонија во првиот меч од Европска…