Дома Фудбал Големо изненадување за фановите на Ливерпул: Фирмино со нов изглед ќе ја стартува новата сезона (ФОТО)

Големо изненадување за фановите на Ливерпул: Фирмино со нов изглед ќе ја стартува новата сезона (ФОТО)

Репрезентацијата на Бразил не се прослави на Мундијалот во Русија бидејќи од него се просторија уште во четвртфиналето.

Играчите на Бразил порано од очекуваното добија одмор пред стартот на новата сезона. Одморот одлучија максимално да го искористат сите меѓу кои и Роберто Фирмино кој има зад себе успешна сезона во Ливерпул.

Фимирно се уште се наоѓа на одмор во Бразил, а за десеттина дена би требало да се придружи на подготвките на „Црвените“ за следната сезона. Периодот на одмор, Фирмино одлучи да го искористи и да го промени имиџот, па со ново издание да влезе во следната сезона.

Имено, напаѓачот на „Црвените“ одлучи да се исфарба плав и така ја најави новата сезона. Сепак, не се баш сите воодушевени со неговиот изглед, но Бразилрцот порача дека не го интересира што било кој ќе му искоментира за новата фризура.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пио погодува на секои 88 минути, Италија повторно ја буди надежта

Ефикасноста на Еспозито и репрезентацијата на Манчини се во фокусот на италијанскиот печат…