Дома Македонски спорт Мак фудбал Големо засилување во Штип: Репрезентативец на Уганда потпиша за Брегалница

Големо засилување во Штип: Репрезентативец на Уганда потпиша за Брегалница

Повеќе од квалитетно засилување на Брегалница за продолжението од сезоната во Првата македонска фудбалска лига со доведувањето на репрезентативецот на Уганда, Халид Лвалива.

26-годишниот Лвалива е најновото име во редовите на „сините“ кој ќе ја засили централната дефанзивна позиција.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лвалива доаѓа од најдобриот клуб во Уганда, шампионот Виперс, каде беше капитен изминативе пет сезони а е незаменлив капитен и на репрезентацијата на Уганда за која од 2019 година има 22 официјални настапи. Со Виперс бил и постојан учесник и во Купот на африканските шампиони.

Низ досегашниот преоден рок Брегалница претходно се засили и со левокрилниот дефанзивец Себастијан Херера, досегашниот фудбалер од средниот ред на Академија Пандев, Адис Хаџановиќ од БиХ, Белгиецот Фајсел Касми, поранешниот македонски репрезентативец Горан Силјановски, долгогодишниот капитен на Борец, фудбалерот од средниот ред Ѓорѓи Ѓорѓиев, левокрилниот дефанзивец Александер Борха Кордоба, централниот дефанзивец Александар Ристевски, младинскиот репрезентативец Иван Николов, хрватскиот напаѓач Патрик Џалто, како и црногорскиот голман Немања Шчекиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

ФК Вардар: Историјата ќе памети кој не избрка од Градски!

Oд редовите на Вардар денеска преку социјалните мрежи ја информираа јавноста дека клубот д…