Дома Фудбал Италија Големото срце на Џенаро Гатузо: Се откажа од богатство за да ги спаси вработените во клубот!

Големото срце на Џенаро Гатузо: Се откажа од богатство за да ги спаси вработените во клубот!

Џенаро Гатузо, тренерот на Наполи и легендата на италијанскиот фудбал ја воодушеви земјата со фантастичен потег.

Пандемијата со коронавирусот ја претвори Италија едно од најголемите жаришта и во таа држава има заразено повеќе од 200.000 луѓе додека повеќе од 27.000 починаа.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Италија е парализирана од короната и се очекува голема економска како последица од истата, поради што клубовите во земјата се приморани да ги намалат платите.

Тоа требаше да биде случај и во Наполи каде што е објавено дека платите ќе се намалат за 20%, но Џенаро Гатузо спречи да им биде намалена плата на работниците на стадионот и оние кои се во администрација па така до продолжение од сезоната во целост се откажа од примањата за да не се намали платата на вработените.

Со оглед дека Гатузо месечно заработува 125.000 евра и дека не може да се каже до кога сезоната ќе биде прекината јасно е дека се откажал од вистинско богатство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Двајца кандидати за клупата на Челзи

Челзи денес и официјално се раздели со тренерот Маурисио Поетино и ја започна порагата по …