Дома Фудбал Останато Големото срце на Мохамед Салах – донирал пола милион долари во неговото родно село (Видео)

Големото срце на Мохамед Салах – донирал пола милион долари во неговото родно село (Видео)

Мохамед Салах е голема ѕвезда на Ливерпул и еден од најдобрите фудбалери во светот во овој момент, за многумина и најдобар.

Египќанецот неодамна на одржаните избори во Египет освои повеќе од милион гласови, иако секако не беше помеѓу кандидатите. Салах игра во неверојатна форма, тој е најдобар стрелец во Премиер лигата, ја освои наградата за играч на сезоната, а со своите настапи во Европа му помогна на Ливерпул да стигне до финалето од Лигата на шампионите.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Веќе пишувавме и на сите им е добро познато дека Салах им помага на оние на кои тоа им е најпотребно, а скоро секојдневно се појавуваат докази за неговата добрина.

Напаѓачот неодамна донираше пола милион долари на своето родно село каде што го помина детството. Купи земја во селото каде што ќе биде изграден механизам за прочистување на отпадните води, а на локалната болница и донираше апарати за дијализа.

Професорот од местото од кое доаѓа Салах е воодушевен од неговата добрина.

„Не можам со зборови да опишам колку сето тоа нас ни значи. Неверојатно е она што го прави за нас. Заплакувам секој ден кога зборувам за тоа. Се уште доаѓа во своето село, тој за нас не е странец“, истакна професорот.

Навивачите го обожаваат Салах и длабоко ја почитуваат неговата вера.

Премер за тоа е кога Салах постигнува погодок, навивачите на „Енфилд“ секако се воодушевени. Салах истрчува до најблиските навивачи, потоа пристигнуваат играчите и после заедничката прослава Египќанецот ги раширува рацете и клекнува на земјата со цел да му се заблагодари на Бог за уште еден убав момент во животот. Во тој момент дел од стадионот делумно се стишува.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …