Дома Фудбал Англија Големи пофалби за ривалот: Погба го избра за него најдобриот играч во Премиер лигата

Големи пофалби за ривалот: Погба го избра за него најдобриот играч во Премиер лигата

Во викендот пред нас посебно влијание во фудбалскиот свет привлекува натпреварот помеѓу Челзи и Манчестер Јунајтед.

Челзи оваа сезона под водство на Маурицио Сари игра одлично, а тоа не може да се каже и за Манчестер Јунајтед на Жозе Мурињо.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сепак, без оглед на моменталната форма натпреварот на „Стенфорд Бриџ“ не може однапред да се прогнозира колку и Челзи да изгледа подобро од Јунајтед.

Ќе биде ова судир и на повеќе ѕвезди, а посебно во фокусот се Еден Азар на едната и Пол Погба на другата страна. Иако, нема сомневање дека Еден во овој момент е помеѓу топ 5 играчи во Европа, свесен за тоа е и Французинот.

„Челзи оваа сезона игра одлично, победува, а и имаат еен човек кој е посебно опасен – Еден Азар. Тој веројатно е најдобриот играч во Премиер лигата во овој момент. За нас е добро што се вративме против Њукасл, но сега не чека голем предизвик. Неопходни ни се бодови, но сигурно дека ќе биде тешко против ваков Челзи“, изјави Погба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Чави е пред договор со новиот клуб!?

Чави Ернандез се уште стои на ставот дека заминува од Барселона на крајот на сезоната, рак…