Ова лето Рома направи вистински бум на трансфер пазарот, Мончи скоро да го промени и целиот тим, а стартот на сезоната донесе променлива игра.
Победа, пораз и реми тоа е учинокот на Ди Франческо во првите три кола и тоа е најлош старт на „волчицата“ уште од кога Зденек Земан го водеше клубот во сезоната 2012/2013.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Рома ја напуштија неколку важни играчи (Алисон, Наинголан, Стротман), а новајлиите се уште не се вклопени онака како што е потребно.
Jaсно, виновник се бара во несреќниот тренр. Прашање е колку е коретно, но ситуацијата е таква и за тоа се пишува во неколку италијански медиуми. Кога не оди, секогаш прв на удар е тренерот, па зошто Рома би била исклучок?
Секако, тука се и првите кандидати за наследник на Ди Франческо.
Во прв план се споменуваат добро познати имиња – Антонио Конте и Винченцо Монтела. На „Олимпико“ наводно се свесни дека поранешниот селектор на Италија не е реална опција, но нема да се откажат без да се обидат (секако, доколку Ди Франческо добие отказ), додека за Монтела се размислува срамежливо.
Moнтела е клупска легенда на Рома ново претходните три сезони не се прослави како тренер на Сампдорија, Милан и Севилја.
Сепак, без оглед на ваквите пишувања на медиумите, барем засега Ди Франческо е безбеден, а колку ќе потрае тоа „засега“ останува да видиме.