Пари Сент Жермен доживеа уште еден неуспех во Лигата на шампиони и оваа сезона и покрај огромните вложувања во тимот.
Француските медиуми пренесуваат дека катарските сопственици спремаат голема чистка во клубот на крајот на сезоната, а најверојатно ќе замине и претседателот Насер Ал Келаифи.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Претседателот Насер Ал-Келаифи веднаш беше повикан во централата во Доха и можно е да биде отповикан од функцијата на крајот од сезоната.
Со него би заминале и спорскиот директор Леонардо и тренерот Маурисио Покетино, со што ќе се смени целото раководството од следната сезона.
Веќе е сигурно дека Мбапе заминува на крајот на сезоната, а трансферите на Меси, Донарума, Вајналдум и Серхио Рамос се покажаа како промашувања.