Изминатата ноќ во НБА лигата се одиграа три натпревари.
Помеѓу тие три натпревари беше и големата пресметка помеѓу Филаделфија и Милвоки, а на крајот победата ја однесе Милвоки со резултат 128:122.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Овој натпревар беше посебно интересен пораи тоа што вистинска „војна“ под обрачите водеа двете ѕвезди Џоел Ембид и Јанис Антетокоумпо.
На крајот кошаркарот на Филаделфија натпреварот го заврши со фантастичен учинок од 34 поени, 13 скокови и 13 асистенци, но тоа не беше доволно затоа што грчкиот ѕвер постигна 45 поени и додаде 13 скокови и шест асистенции. Треба да се спомене и дека покрај нив двајца Џеј Џеј Редик уфрли 29 поени.
https://www.youtube.com/watch?v=LG3A4qqWwRw
https://www.youtube.com/watch?v=uPQ20ZwXqh8
Освен овој натпревар во „Стејплс Центарот“ играа Лос Анџелес Лејкерси и Голден Стејт, а на крајот Вориорсите беа подобри со 108:90. До триумф ги предводеше Каузинс со 21 поен и 10 скокови, додека три коша помалку уфрли Кук. Кај домаќините кои играа без Леброн Џејмс најдобар беше Вилијамс со 17 поени и 13 скокови.
Сакраменто кој нема повеќе шанси да стигне до плеј-офот го дочекаа Кливленд и победија со 117:104, а најдобар на натпреварот беше Хилд со 23 поени. Еден помалку во противничкиот тим постигна Кларксон.