Македонскиот шампион Вардар одигра маестрална партија и победи на гостувањето кај Монпеље (25:28) со што ги одржи шансите за пласман во нокаут-фазата.
Вардар одлично го започна мечот и брзо дојде до предност од два разлика, но после 13 минути игра Монпеље прв пат дојде до водство од 6:5.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Потоа следуваше период на одлична игра на „црвено црните“ и на полувреме заминаа до предност од четири гола (14:10).
Во вториот дел Вардар продолжи со одличната игра, а голманот Томовски продолжи да реди одбрани. Во 40. минута, Вардар со серија од 0:3, Вардар ја прави најголемата предност од седум гола (13:20).
Домашниот тим се обиде со игра седум на шест и направи мини серија од 3:1 со која намали на 16:22, но Тоту ја враќа предноста на Вардар на плус седум (17:23).
До крајот Вардар рутински го заврши мечот и на крајот славеше со три гола предност 25:28
Херој на „црвено-црните“ беше голманот Мартин Томовски кој мечот го заврши со 14 интервенции, додека најефикасен беше Њокас кој даде пет гола.
Фото: РК Вардар 1961