Македонската ракометна репрезентација со поддршка од трибините во „Борис Трајковски“ стигна до голема победа против Романија (30:22).
Македонија одлично го отвори мечот и после неполни три минути игра поведе со 3:0, а Талески од самиот старт покажа дека ова ќе биде негова вечер.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Романија во после 17 минути игра успеа да дојде до израмнување (10:10), но потоа следуваа два гола на Лазаров, а на полувреме заминавме со предност 16:13.
Во вториот дел гледавме вистинско шоу на македонската репрезентација, со атрактивни погодоци и цепелини. Во последните минути комплетно се распадна играта на Романија, а ние тоа го искористивме за победа од 30:22.
Најефикасен ракометар на мечот беше Талески со 10 гола, Кирил Лазаров и Филип Кузмановски дадоа по седум гола.