Младите ракометари на Голден Арт КЛ7 ги продолжуваат подготовките за предизвиците кои ги очекуваат во дебитантската сезона во нај квалитетното ракометно натпреварување во државата.
Првиот дел од подготовките според планот изработен од стручниот штаб предводен од Андон Бошковски, младите момци го одработија во Скопје работејќи напоредно на отворено и сала, а вториот дел од неделата го продолжија во Охрид во комплексот хотел Аквалина.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
До крајот на втората фаза и подготовките во Охрид нашите момци ќе имаат згуснат распоред на тренинзи но и одлична можност за проверка на формата, одигрувајќи неколку подготвителни натпревари против вториот тим на Еурофарм Пелистер, натпревар кој ќе одиграа во петок (21.08), а потоа следат две контролни средби со екипата на РК Аеродром и РК Прилеп во недела (23.08).
Последната фаза од подготовките Голден Арт КЛ7 ќе ја реализираат во Скопје каде ќе одиграат уште неколку подготвителни натпревари со екипи од суперлигата, очекувајќи го стратот на на деби сезоната.
Во новата сезона која ќе стартува на 12/13 септември Голден Арт КЛ7 ќе се натпреварува во групата А заедно со Тинекс Пролет, Охрид, Радовиш, Струга, Астраион и Јуниор Кисела Вода.