Дома Фудбал Лига на шампиони Голгетерското чудо Халанд сруши рекорд на Дрогба

Голгетерското чудо Халанд сруши рекорд на Дрогба

Фудбалерите на Салзбург вчера беа поразени на свој терен од Наполи во рамките од третото коло во групната фаза од Лигата на шампионите.

Наполи однесе победа со 2:3, а двата гола за домаќините беа дело на момчето кое во последно време ја воодушевува фудбалска Европа, Ерлинг Халанд.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Халанд со своите два гола стигна до бројката од шест гола во Лигата на шампионите и така го сруши рекордот на легендарниот Дидиер Дрогба.

Дрогба до вчера беше единствениот играч кој успеал да постигне пет гола во првите три кола во Лигата на шампионите во својата прва сезона, сега Халанд успеа да постигне и еден повеќе со што постави нов рекорд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

ВИДЕО Навивачите истрчаа на теренот и започнаа лудо славје. Потоа останаа шокирани со гол во 95-та

Голема борба за влез во првата лига се води во Холандија. Враќање во елитното друштво обез…