Легендарниот Пит Сампрас е еден од најуспешните тенисери во историјата и секако еден од најзаслужните за популаризацијата на овој спорт во последните 30 години.
Низ кариерата Сампрас освои 14 грен-слем титули, единствена неостварена желба му остана Ролан Гарос. Најголемиот успех го имаше на Вимблдон, турнир кој го освои седум пати, пет пати триумфираше на УС Опен и двапати на Австралија Опен.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Но, денеска според фотографиите кои се појавија од него во еден „Старбакс“ во Калифорнија изгледа непрепознатливо. Додека беше активен на терените Сампрас беше познат по кадравата коса и чистото лице, а на последната фотографија може да се види дека годините си го направиле своето…