Дома Фудбал Останато Ги симна од врвот Роналдо и Обамејанг, Салах најбрз играч на ФИФА!

Ги симна од врвот Роналдо и Обамејанг, Салах најбрз играч на ФИФА!

Мохамед Салах во овој момент е најдобриот стрелец на Премиер лигата и главен кандидат за најдобар за оваа сезона во Англија.

Египќанецот оваа сезона беше стрелец на 40 погодоци, а неговите одлични настапи не поминаа незабележано и од страна на ФИФА.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Салах доби нови оценки на виртуелната симулација и сега има максимални 99 што го прави најбрз на играта. На таа позиција тој ги замени Кристиано Роналдо и Пјер-Емерик Обамејанг кои го делеа првото место со оценка 98.

Покрај брзината сосема оправдано на Салах му беа зголемени и другите оценки, па сега неговата вкупна оценка од вкупни 83, порасна на 93 што го смести помеѓу најдобрите на играта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Чави е пред договор со новиот клуб!?

Чави Ернандез се уште стои на ставот дека заминува од Барселона на крајот на сезоната, рак…