Дома Топ вести Ги има Меси, Нејмар, Мбапе, Рамос…а волку лош тренер ПСЖ немал 18 години!

Ги има Меси, Нејмар, Мбапе, Рамос…а волку лош тренер ПСЖ немал 18 години!

По вчерашната елиминација на ПСЖ од Баерн во Лигата на шампионите на големо се зборува дека Кристоф Галтие веќе ги пакува куферите и веројатно само ќе ја доврши сезоната, а потоа во Париз ќе стигне нов стратег.

Галтие за нецела сезона помината на клупата на „светците“ успеа да стане најлошиот тренер на овој клуб во последните 18 години.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во својата прва сезона тој не успеа да дојде ниту до четвртфиналето во Лигата на шампионите, а ниту до четвртфиналето во Купот на Франција каде што исто така беше елиминиран.

Вакво нешто му се случи на Лорен Фурние во сезоната 2004/2005, но треба да се знае дека амбициите на ПСЖ тогаш не беа како денешните, шеиците од доаѓањето во Париз потрошија над милијарда евра за да ја освојат ЛШ, но се уште чекаат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …